Португалскиот стручњак Жозе Мурињо го симна притисокот од своите плеќи, откако неговите избраници со убедливи (4-1) го совладаа Фенербахче во Лигата на Европа.


После победата во која два погодоци постигна најскапиот фудбалер во светот, Пол Погба, Мурињо ги прозва луѓето кои го нападнаа францускиот репрезентативец.

– Пред два дена, тој беше најслаб играч во Премиер лигата, а по само два дена тој е класа фудбалер и е феноменален. Јас потполно го разбирам Погба. Работев во Италија и ги знам сите слабости во лигата. Да бидеш пет години најдобар во Италија и да се вратиш во Англија не е лесно, затоа и го разбирам и поддржувам Погба. – рече Мурињо.

„Црвените ѓаволи“ после вториот триумф во ЛЕ мора да се насочат кон Премиер лигата, каде ги очекува дерби средба со Челси на Стемфорд Бриџ.

ЛЕ: Интер конечно победи, Јунајтед го растури Фенербахче (видео)

OhridNews