На голготата на Бастијан Швајнштајгер во Манчестер Јунајтед му се гледа крајот, откако менаџерот Жозе Мурињо го вклучи на тренинзите од првиот тим во пресрет на мечот со Фенербахче во Лигата на Европа.


Поранешниот германски репрезентативец беше во немилост на Мурињо кој веднаш го префрли искусниот фудбалер меѓу резервите. Најголем удар Швајнштајгер доживеа неодамна по изостувањето од клупската фотографија за оваа сезона.


„Црвените ѓаволи“ се во резултаска криза, особено во Премиер лигата, каде веќе четири меча немаат триумф додека во Европа им оди нешто подобро и имаат две победи во три натпревари.


За мечот со турскиот преставник во ЛЕ, португалскиот стручњак го приклучи и Фил Џонс кој долго време се опоравуваше од повредите.


Натпреварот од четвртата рунда во групната фаза од ЛЕ се игра в четврток со почеток во 21 и 05 часот.

OhridNews