Менаџерот на Манчестер јунјатед, Жозе Мурињо, по синоќешниот пораз од Барселона (0-1), на турнејата по САД, оценил дека поразот е добар за неговиот тим.

Манчестер јунајтед на американската турнеја успеа да забележи победи над ЛА Глакси (5-2), Солт Лејк (2-1), Манчестер сити (1-0) и Реал (по изведувањето пенали 2-1), а го загуби последниот натпревар од Барселона (0-1).

Каталонците натпреварот што се одигра изминатата ноќ по средноевропско време го добија со голот на Нејмар.

– Мислам дека ќе беше лошо за нас турнејата по Америка, да ја завршиме без пораз, а игравме против Барса, Реал, Сити. Навистинеа ќе беше лошо доколку сите ги победевме. Поразот е добар. Мислам дека во текот на натпреварот имавме добри периоди на игра. Она што беше лошо ќе треба да го исправиме, а добрите работи ќе мора да ги задржиме. – изјавил Мурињо.

Сити убедлив против Реал Мадрид, минималец за Барселона (видео)

OhridNews