Со доаѓањето на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед навивачите конечно се надеваа дека дојде менаџер после Алекс Фергусон на кој може да му се верува.


Но, Португалецот резултаски и статистички заостанува од своите претходници Луис ван Гал и Дејвид Мојс, а неспоредлив е со легендарниот шкотски стручњак.

Во првите 14 мечеви на клупата од „црвените ѓаволи“, Мојс имаше скор од осум победи, три нерешени средби и три пораз, а Мурињо по исто толку натпревари има ист број на победи, но има еден пораз повеќе.

Кога на резултатите од Мурињо ќе се додадат и потрошените финансиски средства за нови фудбалери станува јасно дека тој до сега воопшто не ја оправда довербата од управата и навивачите.

Сепак, Мурињо има уште многу мечеви и шанси да го врати Манчестер Јунајтед каде што припаѓа во Премиер лигата и европскиот фудбал.

OhridNews