Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо се наоѓаа пред излезни врати од Стемфорд Бриџ откако тимот на Челси сезонава бележи катастрофални резултати во Премиер лигата.
„Специјалниот“ полека ја губи довербата од навивачите, а трпението според англиските медиуми на сопственикот на клубот Роман Абрамовиќ е пред крај.
Судбината на Мурињо ќе зависи од резултатите кои ќе ги постигне екипата на Челси во следните 30 дена.
Како потенцијални наследници на Мурињо се спомнуваат Гус Хидинк и Карло Анчелоти, а во игра е и Пеп Гвардиола кој по завршување на сезоната е слободен агент.
Ohridnews











