Лидерот во Премиер лигата, Челси нема да ангажира нови фудбалери во зимскиот преоден рок и со старите сили ќе атакува на трофеите каде се натпреварува.
– Мислам дека неможеме да бидеме подобри од ова. Први сме во Премиер лигата, први бевме во групата од Лигата на Шампиони и се пласиравме во 1/4 финалето од Лигата Купот – рече Жозе Мурињо.
„Сините“ години наназад го имаа главниот збор кога се работи за трансферите, но оваа сезона немо ќе гледаат од страна.
Мх.П.