Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо на пресконференцијата за дуелот со Вест Хем најави нов начин на комуникација со англиските новинари.


Португалецот се пожали на немањето респект кон него, неговата работа и клубот.

– Од мене нема да слушнете ништо забавно понатаму. Ќе се однесувам со вас исто како што вашите сопственици се однесуваат со мене без респект. Кога ќе се работи околу фудбалот тука сум за критика и дебата. – рече Мурињо.

Португалецот сезонава во медиумите се наоѓа за лоши вести почнувајќи од случајот со физиотерепевтката Ева Карнеиро и детето кое го турна при обидот да направи селфи со него.

Ohridnews