Манчестер Јунајтед рутински предводен од Златан Ибрахимовиќ ја одработи домашната задача во првиот меч од 1/16 финалето во Лигата на Европа против Сент Етјен победувајќи со 3-0.
На французите им треба чудо во реваншот за пет дена, бидејќи „црвените ѓаволи“ никогаш не отпаднале од европските натпреварувања кога првиот меч го добиле со два или повеќе гол разлика.
– Среќен сум со резултатот, но не и со изданието во првото полувреме. Немавме фокус и концентрацијата, правевме ужасни грешки назад, мислам дека треба да бидеме среќни што водевме 1:0 на полувреме. Во вториот дел приказната беше поинаква, направивме измени, и бевме побрзи на теренот. Секако беше подобро во второ полувреме што покажува и резултатот. – изјави Жозе Мурињо.
Португалецот на Олд Трафорд истрча со најсилниот состав иако пред натпревар рече дека мечевите од Лигата на Европа кои се играат во четврток му создаваат проблеми во натпреварите од Премиер лигата.
ЛЕ: „Црвените ѓаволи“ непогрешливи на Олд Трафорд, Рома ја потона подморницата (видео)
OhridNews