Манчестер Јунајтед направи голем исчекор кон финалето во Лигата на Европа, откако во Шпанија со минимални 1-0 ја совлада екипата на Селта Виго. Голот за победа беше дело на Маркус Рашфорд кој погоди од слободен удар во 67-та минута од натпреварот.
– Тој е 19 годишно момче, ама многу заљубено во фудбалот. Стрпливо ја чека шансата и кога ќе ја добие ја користи максимално. Менталитето негов е одличен, а добро е што сака да работи на тренинзите. После секој тренинг останува дополнителни 30 миниту и вежба слободни удари, затоа неговиот погодок воопшто не е случаен. – изјави после мечот Мурињо за Рашфорд.
Погодокот во Виго за англискиот репрезентивец беше втор сезонава, а првиот го постигна во четвртфиналето против Андерлехт кој значеше пласман меѓу најдобрите четири.
OhridNews