Со реми против 1-1 бундеслигашот Шалке екипата на Челси ја стартуваше новата сезона во Лигата на Шампиони. „Сините“ имаа предност, но не успеаја да ја задржат и го запишаа првиот бод.
– Ние имавме неколку фантастични шанси за победа, но не ги искористивме и освоивме само бод. Тоа не е добар резултат, но сепак е резултат – истакна португалскиот стручњак Жозе Мурињо.
Повратникот на „Стемфорд Бриџ“, Дидиер Дрогба доби шанса пред првата виолиона во нападот Диего Кошта.
– Дрогба заврши добра работа и одигра солиден натпревар. Тој не успеа да постигне погодок од кога требаше, но тоа е фудбалот и се случуваат вакви работи – додаде Мурињо.
Најновото засилување во нападот на Челси, Диего Коста влезе во игра во 75-та минута и не успеа да постигне втор погодок кој ќе значеше и триумф.
Мх.П.