Без победник 1-1 заврши првата од двете пресметки меѓу Пари Сент Жермен и Челси во осминафиналето од Лигата на шампиони. Одлуката за четвртфиналистот ќе падне на „Стемфорд Бриџ“ за три седмици.


– Можевме и да изгубиме затоа мислам дека резултатот е добар. Не викам многу добар бидејќи е само позитивен за нас. Ова беше тежок натпревар против квалитетен тим со фантастични играчи кои играат со топка. Во вториот натпревар играме пред својата публика, а тоа е поголема предност него голот во гости кој го постигнавме.- рече Жозе Мурињо после мечот.


Во тимот на Челси најмногу се истакна чуварот на мрежата Тибо Куртоа, кој имаше неколку бравурозни интервенци.

Ohridnews