Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо расчити големи дилеми и шпекулации околу евентуалното враќање на Кристијано Роналдо на Олд Трафорд.

Во изјава за американските медиуми после мечот со Лос Анџелес Галакси кој англискиот премиерлигаш го доби со 5-2 Мурињо изјавил дека враќањето на Роналдо е невозможна мисија.

Роналдо не го криеше своето незадоволство после завршување на сезоната со „кралевите“ во која ги освоија титулите во Лигата на Шампиони и шпанската Ла Лига.

Португалецот негодуваше на навивачите кои констатно го свиреа најдобриот фудбалер на светот и неговите соиграчи.

Реал Мадрид ги започна подготовките за престојната сезона, а Роналдо на екипата ќе му се приклучи подоцна, бидејќи доби неколку недели плус за одмор од Зинедин Зидан.

OhridNews