Од следната сезона Луис ван Гал ќе биде минато на Олд Трафорд, а позицијата менаџер во Манчестер Јунајтед ќе ја преземе Жозе Мурињо.
Како што пренесува „Daily Mail“, португалскиот стручњак сам на своите пријатели им се пофалил дека ќе го преземе Манчестер Јунајтед од следната сезона.
„Специјалниот“ по отказот од Челси констатно и секојдневно се поврзува со „црвените ѓаволи“ кои под палката на Ван Гал не бележат посакувани резултати.
Навивачите на Олд Трафорд го загубија трпението со холандскиот стручњак, а во Мурињо гледаат спасител кој клубот ќе го врати на патеките по кој чекореше под водство на Сер Алекс Фергусон.
OhridNews











