Манчестер Јунајтед по пауза од две сезони повторно ќе биде дел од најемитнетото клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампиони. „Црвените ѓаволи“ билет за пласман во групната фаза обезбедија преку Лигата на Европа која ја покорија минатата сезона.
– Се вративме во Лигата на Шампиони која е природно живеалиште на Манчестер Јунајтед. Сите во клубот се радуваме на новиот почеток и затоа сме многу мотивирани. Противникот е незгоден, но годинава имаме квалитетен состав и не би требало да имаме големи проблеми на домашен терен. – изјави Жозе Мурињо.
Тој одби да коментира за крајната цел на Манчестер Јунајтед сезонава, но потенцираше дека екипите од другите лиги имаат далеку полесен пат, бидејќи националните шампионати се послаби од англискиот.
– Реал Мадрид минатата сезона последниот меч во Примера го играше со втор состав и во финалето сите фудбалери беа физички подготвени. Јувентус шампион на Италија беше два месеци пред да заврши првенството. Во Англија немаме таква можност да калкулираме, а плус немаме ниту зимска пауза, затоа сметам дека останатите екипи имаат далеку полесна работа од нашата во Европа. – заврши Мурињо.
Новата сезона „црвените ѓаволи“ во ЛШ ја започнуваат на Олд Трафорд против тимот на Базел.
OhridNews