Манчестер Јунајтед со головите на Хуан Мата и Маруане Фелаини во второто полувреме со 2-0 го совладаа Хул во првиот од двата мечеви во 1/2 финалето во Лига купот.
Стратегот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо ги искритикува сите почнувајќи лично од себе, па фудбалерите и навивачите.
– Сите мораме да бидеме уште подобри, јас, навивачите и фудбалерите. Ние сме тие кои одговараме за навивачите, затоа што со нашиот пристап нив им даваме ентузијазам на трибините. Имаме брилијатни навивачи и на неделниот меч со Ливерпул треба да го дадат најдоброто од себе, бидејќи ни требаат. – изјави Мурињо после мечот со Хул.
Полуфиналната средба со Хул поради настинка ја пропушти Златан Ибрахимовиќ кој ќе биде фит за дербито со Ливерпул в недела со почеток во 17 часот на Олд Трафорд.
„Ѓаволите“ на пат за Вембли (видео)
OhridNews