Португалскиот стручњак Жозе Мурињо и тимот на Челси претпеа пораз (2-1) на Драгао од екипата на Порто која „специјалниот“ некогаш ја предводеше до врвот на Европскиот фудбал.


– Имавме можам да кажам смешни грешки во одбраната кои беа казнети со погодок. Денови наназад се подготвуваме за овој натпревар, а кога воспоставивме контрола на играта ние примивме втор гол по кој очигледно не можевме да се вратиме. Инаку, импресионирам сум од атмосферата. Градот живее за овие натпревари и го чувствувам жарот како што беше пред 12 години. – рече Мурињо.

„Сините“ по два одиграни натпревари се наоѓаат на третата позиција со три бода зад лидерот Динамо и Порто кои имаат по четири.

Мх.П.