Лидерот во Премиер лигата, Челси на крилата од Дидиер Дрогба рутински и без поголеми проблеми го совлада Тотенхем со 3-0 пред своите гледачи во 14-та рунда.


– Дали се сеќавате на Диего Коста ? Јас не. Тој нас ни треба, но нашиот менталитет е многу јак. Не плачевме поради неговото отсуство туку покажавме дека можиме и без него. Дрогба беше неверојатен. Тој е тимски играч, не е себичен и е многу скромен што го прави уште поголем фудбалер. Дрогба е вистинскиот играч за нашиот тим се бори до крајот и ги мотивира останатите фудбалери – потенцираше португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Искусниот напаѓач асистираше и погоди за комотно водство од 2-0 на полувремето по што ја напушти играта, а „сините“ со уште еден погодок во вториот дел ја запечатија победата над лондоскиот ривал.

Мх.П.