Манчестер Јунајтед ги освои трите бодови на Олд Трафорд победувајќи го Челси со 2-1 во дерби средбата од 28-та рунда во англиската Премиер лига.

Португалскиот стручњак на клупата од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо со еден потег го надмудри италијанскиот стратег на кормилото од Челси, Антонио Конте. После час игра „специјалниот“ го внесе во игра Џеси Лингард кој десеттина минути подоцна на асистенција од Ромелу Лукаку постигна погодок за 2-1 кој на крајот се покажа пресуден на дербито. Претходно, „сините“ со погодокот на Вилијан во 32-та минута поведоа со 1-0, а во 37-та Лукаку ги изедначи бројките на семафорот. 

„Црвените ѓаволи“ со триумфот се вратија на втората позиција на табелата која им ја Ливерпул по вчерашната победа над Вест Хем.

OhridNews