Харизматичниот португалски стратег Жозе Мурињо на пресконференцијата за финалниот натпревар со Саутемптон во Лига купот се појави со маица на која стоеаја иницијалите од Клаудио Раниери кој доби отказ од тимот на Лестер.
Потегот на Мурињо и поддршката која му ја пружи на Раниери наиде на позитивни вибрации во светот и во целост успеа да го засени финалето кое ќе се одигра в недела (17:30ч) на Вембли стадионот.
На пресконференцијата Мурињо речиси и да не зборуваше за финалето кое ги очекува туку за Раниери кој по нецела година откако на клубот му ја донесе историската титула во Премиер лигата.
– Тој толку многу задолжи фудбалот што не може ниту со еден трофеј да се плати. Преку социјалните мрежи му искажав поддршка, а и сега тоа го правам, бидејќи ќе му биде потребна. – потенцираше Мурињо.
Манчестер Јунајтед во финалето ќе настапи без Хенрик Мхтаријан, додека комплетно здрав ќе биде Мајкл Карик.
Мурињо со порака до Раниери: Пријателе зачувај го осмехот, таков е фудбалот
OhridNews