Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се соочува со големи проблеми пред градското дерби со Манчестер Сити кое ќе се одигра в четврток на „Етихад“ стадионот во 21 часот.
Поради повреди Мурињо мака ќе мачи да го скрои составот кој ќе му спротистави на „граѓаните“ во мечот со големо значење за двете екипи.
На располагање португалскиот стручњак ги нема Златан Ибрахимовиќ, Маркос Рохо, Хуан Мата, Крис Смолинг, Фил Џонс и најскапото засилување Пол Погба кој се повреди на дуелот со Барнли викендов кој измина.
„Црвените ѓаволи“ во пресрет на дербито имаа бод помалку од „граѓаните“ кои се наоѓаат на четвртата позиција на табелата која последна води во Лигата на Шампиони.
OhridNews