Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо тешко го прифатил поразот од Хадерсфилд во 9-та рунда од Премиер лигата и во соблекувалната употребил методи од Сер Алекс Фергусон.

Како што пренесува Дејли Меил, португалскиот стручњак го фрлил капутот во соблекувалните и на висок тон им се обраќал на фудбалерите. Поштеден од критики бил Виктор Линделоф, кој беше директен виновник за вториот погодок на домаќините.

Во минатото на Олд Трафорд методите од легандарниот менаџер вродуваа со плод и тимот во следните мечеви ги „газеше“ противниците. „Црвените ѓаволи“ шанса за поправен ќе имаат во Лига купот. Во четвртата рунда избраниците на Жозе Мурињо гостуваат кај тимот на Свонси на „Либерти“ стадионот.

Инаку, поразот од Хадерсфилд и ремито со Ливерпул во дербито ги искористи Манчестер Сити кој со две победи му побегна пет бодови на врвот од табелата на градскиот ривал. 

OhridNews