Португалскиот стратег на клупата од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо после триумфот над ВБА (2-0) им нареди на своите играчи дресовите да ги фрлат на трибините каде наоѓаа поддржувачите на клубот од Олд Трафорд.
Ваквиот потег „специјалниот“ како што го нарекуваат англиските медиуми после мечот го образложи за почитување на навивачите кои одвојуваат време и финансии за доаѓање на натпреварите.
– Им наредив на играчите тоа да го направат, бидејќи никогаш не треба да ги заборавиме навивачите. Тие беа фантастични на двете последни гостувања, и затоа ги заслужуваат сите честитки. Овој гест односно дресовите од играчите многу ќе им значат на навивачите во пресрет на божиќните празници. – изјави Португалецот.
Тој се осврна и на победата над ВБА која е трета во серија за „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата. – Мораме да постигнуваме гол повеќе од противникот. Освоивме девет бодови во период во кој бевме многу уморни. Сите играат добро, а сите почести одат за средниот ред кој диригира со екипата.
Манчестер Јунајтед ќе има шанса да ја продолжи победничката серија, бидејќи во следните две средби на домашен терен ги пречекува Сандерленд и Мидлзброу.
Ибрахимовиќ диригира, „ѓаволите“ победуваат (видео)
OhridNews