Португалскиот стратег на клупата од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо отворено го критикуваше Лук Шо кој беше еден од најголемите таленти во англискиот фудбал.


Левиот бек сезонава има само седум настапи во Премиер лигата, а Мурињо објасни зошто англискиот репрезентативец не добива шанса.

– Тешко му е што седи на клупата, но јас неможам него да го споредам со Јанг, Дармина и Блинд. Не ги споредувам квалитативно туку поради начинот на кои тие тренираат и колку се фокусирани, Шо нажалост многу заостанува. – изјави Мурињо.

„Црвените ѓаволи“ пред три сезони на Саутемптон за услугите на Шо му платија 30 милиони фунти. Дефанзивецот минатата сезона во првото коло од групната фаза во ЛШ имаше двоjна фрактура на ногата и од тогаш неможе да фати констатно место во првата постава на Олд Трафорд.

OhridNews