Клаудио Раниери сезонава ја доживеа истата судбина како Жозе Мурињо минатата кога после освојувањето на титулата беше отпуштен од Челси поради слабите резултати.


Светот разделбата на Лестер и Раниери нецела година после историската титулата во Премиер лигата ја прифати со шок и неверување. Конкурентите на Раниери и фудбалерите ширум светот му изразија поддршка на Италијанецот кој за успехот со „лисиците“ освои безброј признанија.

– Шампионот на Англија и најдобриот тренер во изборот на ФИФА е отпуштен. Таков е овој „нов“ фудбал. Мој пријателе зачувај го осмехот никој не може да ја избрише историјата која ти ја испиша. – стои во пораката на Мурињо до Раниери.

Лестер сезоната ќе ја продолжи со Крег Шакеспреј и Мајк Стоуел од клупата, додека клубот не го назначи заменикот на Раниери.

Фудбалската бајка во Премиер лигата заврши со отказ на Раниери

OhridNews