Португалскиот стручњак на клупата од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо на официјалната пресконференција за првиот дуел со Ростов во 1/8 финалето во Лигата на Европа искажа негодување за неквалитетниот тревник на кој двете екипи ќе го одиграат мечот.


– Тешко ми е да поверувам дека ќе играме на таков стадион, ако можам да го наречам така. УЕФА треба да направи контрола пред секој натпревар дали стадионот поточно тревникот ги задоволува минималните услови за игра. На ист ваков стадионот ние и Манчестер Сити требаше да играм во Кина, но заедно одлучивме да не играме поради здравјето на нашите фудбалери. Овде ние како клуб и јас како менаџер немам право на избор. – изјави Мурињо.


Што се однесува за натпреварот Мурињо рече дека неговиот тим нема да тактизира и ќе игра на победа која би значела мирен реванш на Олд Трафорд за недела дена.

„Црвените ѓаволи“ во Ростов отпатуваа без капитенот Вејн Руни, Бастијан Швајнштајгер, Лук Шо и Ерик Бејли кој доби црвен картон на мечот со Сент Етјен.

OhridNews