Серијата без пораз на Челси во Премеир лигата запре во 15-та рунда откако „сините“ претрпеа пораз од Њукасл 2-1 на „Сент Џејмс Парк“.


– На сите ни беше јасно дека еднаш сезонава ќе изгубиме затоа не се оптоварувавме со рекордот. Моја и наша цел се титулите, а не рекордите. Заслуживме барем бод на мечот со Њукасл, но некогаш не го добиваш она што го заслужуваш на теренот – рече португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Покрај поразот избраниците на Мурињо останаа на првото место на табелата, но Манчестер Сити има можност да стигне до три бодови негатива.

Мх.П.