Жозе Мурињо првиот натпревар како менаџер на Манчестер Јунајтед ќе го има на 16 јули против тимот на Виган на гостински терен.


Англиските медиуми неофицијалното деби на Мурињо на клупата од „црвените ѓаволи“ го окарактеризираа како најсериозен испит за Португалецот бидејќи во тимот на Виган настапува прославениот фудбалер Вил Грикс.

Репрезентативецот на Северна Ирска на Европското првенство не се прослави со игрите туку тоа го направија навивачите пеејќи песни за него иако тој воопшто не настапуваше за селекцијата.


Песната на навивачите стана хит на ЕП во Франција, а за Вил Грикс лично се распрашуваше Мет Хумелс кој најверојатно и го смена дресот со него.

OhridNews