Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо победата над Евертон и добрата игра на Пол Погба ја искористи да му врати на Пол Сколс кој отворено го критикуваше Французинот за слабата игра во дресот на клубот од Олд Трафорд.

– Не изгледа на играч кој може да донесе победа, и заради тоа платија 100 милиони евра ? Има повремени блесоци и не е константен и се прашувам дали тренира како што треба. Никој во Англија не треба да му се доближи на Погба, кој не игра улога каква што треба и тука кривица има и менаџерот. – изјави Пол Сколс во една анализите за играта на Погба и Манчестер Јунајтед.

Мурињо на легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед му врати во негов препознатлив стил. – Сколс во историјата на фудбалот ќе го паметиме како фантастичен фудбалер, а не како и коментатор. Тој можам да кажам дека критикува, а не коментира. Погба без разлика како игра, тој се труди и не може секој да игра на ниво какво што играше Сколс. Ако некогаш Сколс се одлучи да стане тренер му посакувам 25% од мојот успех, што значи шест титули.

Интересен е фактот што со Погба во почетниот состав „црвените ѓаволи“ немаат изгубено натпревар, додека без него имаат претрпено пет порази.

OhridNews