На последната пресконференција пред мечот со Галатасарај во Лигата на Шампиони, Жозе Мурињо во свој стил го “откачи“ новинарот Фернандо Бургос.


Новинарот го прашал Мурињо зошто на натпреварот против турскиот преставник не го врати Икер Касилјас на голот и дека на последните 12 натпревари само еднаш успеал неговиот тим да ја сочува мрежата.

“Специјалниот“ после одговорот на поставеното прашање од својата ташна извадил лист со негов текст на кое пишувало.

Ниеден играч не смее да биде стартер само поради името. Тренерот не смее да допушти такво нешто. На теренот мораат да истрчаат фудбалери кои се 100% спремни.

Португалскиот стратег на клупата од Реал Мадрид познат е по своите игри на нерви со новинарите.

Мх.П.