Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо загуби уште еден дефанзивец од ростерот за дуелот со Реал Мадрид во Скопје, откако УЕФА го суспендираше два натпревари дефанзивецот Фил Џонс.
Англичанецот суспендиран е затоа што не се појавил на време на допинг тестот после финалниот натпревар со Ајакс во Лигата на Европа, кој „црвените ѓаволи“ го добија со 2-0.
Покрај суспензијата Џонс заработи и финансиска казна, а така помина и Дејли Блинд кој исто така закаснал на допинг тестот, но бил стрплив за разлика од англискиот репрезентативец.
Мурињо не ќе може да смета ниту на Ерик Бејли, кој доби директен црвен картон во 1/2 финалето во Лигата на Европа и заработи суспензија два мечеви.
OhridNews