Манчестер Јунајтед го задржа стопроцетниот ефект во Премиер лигата победувајќи го Хул минимално со 1-0 со голот на Маркус Рашфорд во судиското продолжение.
„Црвените ѓаволи“ дури во 92-та минута од мечот ја капитализираа надмоќноста на теренот која ја имаа во текот на целиот натпревар.
– Заслуживме да победиме на полесен начин, но одлично е чувството кога ќе освоиш три бодови со гол во последните минути. Во второто полувреме игравме како да рушиме ѕид. Нашата психологија победи бидејќи во ниту еден момент не се откажавме од победата. Секој ден им говорам на фудбалерите дека победата е наша единствена опција на секој натпревар. Не можеме да бидеме задоволни со помалку од тоа. Знаеме дека ќе губиме и ќе играме нерешено, но менталитетот во ниту еден не смееме да се промени. – рече Мурињо.
Португалскиот стручњак се осврна и на Рашфорд кој се покажа како џокер на КС стадионот. – Го чекаат многу шанси да игра затоа нема потреба од форсирање. Направи разлика и против Лестер во Супер купот и против Хул, што значи дека го прави тоа што јас го барам.
Во англиската Премиер лига следува пауза поради репрезентативните обврски, а потоа следува големото дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на Олд Трафорд.
Рашфорд херој на „црвените ѓаволи“ (видео)
OhridNews