Германскиот интернационалец Бастијан Швајнштајгер со трансферот во Чикаго ја заврши неуспешната одисеја во Манчестер Јунајтед. По комплетирањето на трансферот и официјалната промоција се огласи Жозе Мурињо кој немаше милост за поранешниот фудбалер на Баерн Минхен.


– Бастијан припаѓа на играчите поради кои се каам за мојот однос. Нема да говорам за него како играч туку како голем човек кој покажа доблест покрај моите грешни одлуки. Пред да замине се поздравивме и му признав дека не бев фер спрема него. Жал ми е за лошиот мој однос со него, но таков е фудбалот некогаш се прават грешки. – изјави Мурињо.

Искусниот фудбалер лично од Мурињо беше префрлен во младинскиот состав на Манчестер Јунајтед, а до заминувањето во МЛС лигата запиша само три настапи за „црвените ѓаволи“ сезонава.

Швајнштајгер имаше бурен пречек во новата средина, а во дресот на Чикаго треба да дебитира викендов на домашен терен против тимот на Монтреал.

OhridNews