Пред почетокот на новата сезона „црвените ѓаволи“ се засилија со три фудбалери Златан Ибрахимовиќ, Ерик Бејли и Хенрик Мкхтаријан, а четвртото воедно и последно би требало да биде Пол Погба.


Сапуницата околу трансферот на Погба нема крај и секојдневно има по некоја информација со која се „шета“ францускиот интернационалец по екипите, а и Жозе Мурињо даде свое видување.

– Сигурно ќе доведиме уште еден играч, а дали ќе биде тоа Погба ќе видиме. Едно што сигурно го знам дека е тој играч на Јувенутс и ништо друго. – рече Португалецот.

Манчестер Јунајтед новата сезона ја почнува в недела со мечот против Лестер во англискиот Супер куп или познат како Комјунити Шилд.

OhridNews