Во Стокхолм на седми мај се отвара музеј посветен на легендарната шведска група Аба. Директорот на музејот, Матијас Хансон, рекол дека на посетителите ќе им понудат единствено искуство. Музејот има пет ката, а заинтересираните меѓу останатото, ќе имаат можност да ги видат костимите на членовите на групата, нивните златни плочи, студиото и ложите.
На посетителите им се нуди можност на една сцена, со виртуелна придружба на членовите на Аба, да отпеат некоја од нивните песни. Хансон навел дека во првите седмици од отварањето на музејот очекува огромна посета, бидејќи голем број влезници, чија цена изнесува 23 евра, веќе биле продадени преку интернет. Аба настанала на почетокот на седумдесеттите години, а за десет години продале 378 милиони албуми.