Според податоците на охридскиот Завод и музеј, годинава, најголем број посети од страна на туристите се евидентирани во Музејот на вода. Овој познат локалитет заклучно месец септември, го виделе 35.440 гости, од кои  27.064 биле возрасни, а 8.376 ученици.


Поради атрактивноста на просторот, оваа локација е неизоставен дел од програмата која ја изготвуваат туристичките агенции, но и самите гостите кои доаѓаат во градот и кои претходно имале можност да се запознаат со локалитетите во градот и околината, секогаш бараат да ги однесеме на оваа локација. Воодушевени се од самата идеја за автентична реконструкција според  остатоците од праисториската населба во подводниот археолошки локалитет „Миќов град“. Особено голем интерес кај нив предизвикува и можноста за посета на нуркачките курсеви кои ги организира центарот „Амфора“, велат туристичките водичи. 


 
По Музејот на вода,голем  интерес предизвикуваат и Самоиловата тврдина со евидентирани 35.297 посети од кои 20.906 странски гости , 10.899 биле домашни посетители и  3.492 ученици.


Околу 5000 гости годинава ги посетиле и Куќата на Робевци и Галеријата на икони.

Директорката на Завод и музеј- Охрид, Тања Паскали- Бунташеска потенцира дека се задоволни од бројот на реализирани посети и остварен приход од влезници.

До месец септември, од влезни билети и продажба на  трговска стока остварен бил вкупен приход од  5.173.836 денари.

Т. Кувенџиска