Музејот на вода во Заливот на коските во Градиште е еден од најпосетуваните локалитети во Охрид. Од отворањето во 2008 година Музејот на вода е вистински магнет за туристите чиј број расте од година во година.
Наколната населба е реконструирана автентично на остатоците од праисториската населба во подводниот археолошки локалитет „Миќов град“. На платформата која се издига во Заливот на коските изградени се 24 неолитски куќички во кои се изложени предмети пронајдени за време на осум годишните археолошки истражувања на подводниот локалитет. Наколната населба со патека е поврзана со Римската тврдина која се издига во месноста Кула кај Градиште.
Музејот на вода, кој е единствен од ваков вид на Балканот, во 2014 година го доби највисокиот сертификат за успешност што го доделува светски познатиот веб-портал „Трипадвајзор“, еден од најголемите и најпосетувани туристички веб-портали, воедено и организација која ги обединува најпознатите светски туристички брендови, со повеќе од 32 милиона активни членови и повеќе од 100 милиони прегледи, мислења и критики поврзани со посетата на културно-историските споменици, хотели, ресторани и други атракции низ светот.
OhridNews