По вчерашната премиерна изведба на „Кралот Лир“ во рамки на Америкнаската вечер, фестивалската програма на „Охридско лето“ продолжува вечерва со музичка содржина, преку концертот на уметниците од „Квинтето Адриатико“.

Квинтетот е плод на повеќе од дведецениска соработка на Ловато и Димовски кои преку нивното учество и соработка во оркестарот на Фондацијата „Сан Марко“, како и гудачкиот оркестар „Солисти ин Вила“ во Портогруаро (Италија).
Во постојана потрага по нови предизвици и квалитетно заедничко музицирање тие ја контактираат фантастичната виолончелистка Латица Аниќ која гради интернационална кариера како солист и педагог на академијата во Лихтенштајн, како и македонската виолинистка Фросина Богдановска која е концерт-мајстор на оркестарот во Клагенфурт. Заедно, таа и Димовски се долгогодишни соработници во меѓународни ансамбли како оркестарот „No Borders” и „Ингац Фукс“ ансамблот.
Најновиот член на квинтетот е талентираната виолистка Дагмар Корбар, победничка на годинашниот натпревар „Папандопуло“, водач на секцијата виоли во Холандската филхармонија и асистент-професор на музичката академија во Загреб.
На вечерашниот концерт како гостин им се придружува и македонската пијанистка која живее и работи во САД- Јана Павловска Молц.
Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.
OhridNews











