Музичка вечер на „Охридско лето“ со нашите пијанистки Ѓошевска и Мицовска
23.07.24 09:10
Програмата на годинешното 64. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, со концертот на нашето пијано дуо – Марија Ѓошевска и Славица Мицовска.
Марија Ѓошевска е една од најистакнатите пијанистки во нашата земја. Дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог проф. Борис Романов. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Често настапува како камерен музичар и пијано соработник со истакнати инструменталисти. Ѓошевска е еден од македонските учесници во проектот „Пијано – рефлексија на европската култура” со концерти во пет земји: Франција, Австрија, Полска, Молдавија и Р.С. Македонија. Во октомври 2021 година, на покана од Маестро Антони Вит и филхармонијата во Краков го изведе Пијано концертот бр.2 од Сергеј Рахмањинов како дел од концертната сезона 2021/22 на овој оркестар. Во Април 2016 година се закитува со престижната награда „Виртуози” за најдобар музички изведувач во 2015 година. Неколку години подоцна, во 2018 година ја добива наградата „Златна лира“ од Сојузот на музички уметници на Македонија за врвни уметнички достигнувања. Марија Ѓошевска е редовен професор и раководител на катедрата за клавишни инструменти и харфа и раководител на трет циклус – докторски студии за музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Во моментот Ѓошевска е член на Управниот одбор на НУ Филхармонија како и член на Сојузот на музички уметници и на Сојузот на музички педагози на Македонија.
Славица Мицовска-Смилевска завршува основно и средно музичко училиште во МБУЦ „Илија Николовски -Луј”во Скопје, во класите на проф. Ј. Митревска и проф. М. Влаисављевиќ. Дипломира на одделот по пијано на Музичката академија во Софија, во класата на Проф. Жени Захариева, каде и магистрира во 2004 година. Во 2019 година ги завршува докторските студии на ФМУ под менторство на проф.Жени Захариева. Посетувала повеќе семинари кај истакнати професори и педагози. Учествувала на голем број натпревари на државно и меѓународно ниво, каде се стекнала со повеќе награди. Остварила концерти како солист, камерен изведувач и корепетитор во земјава, но во Бугарија, Грција, Србија. Австрија, Малезија, Франција. Соработувала со Младинскиот камерен оркестар од Скопје, Бугарскиот камерен оркестар Collegium Musicum Bankia под раководство на маестро Свилен Симеонов, Камерниот оркестар „Профундис„ под диригентство на маестра Ѓургица Дашиќ. 2003-2004 година, работи како професор по пијано во Куала Лумпур-Малезија, а од 2005-2013 работи на Педагошкиот факултет во Скопје како надворешен соработник, и хонорарно работи како корепетитор во НОБ.
Во моментот работи како редовен професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.
На програмата на вечерашниот концерт се избрани дела за пијано дуо на Григ, Моцарт, Равел. За концертот е резервирана катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.
Од вечерва етерот е побогат за нов медиумски производ, подкаст на Воислав Димоски – “Во право со Димоски”, во продукција на Охридњуз, кој ќе третира интелектуални теми, реални про...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Веспрем, Унгарија, Ѓула Порга, денеска во ресторанот „Тино“ на кејот „Македонија“ во Охрид, потпишаа писмо на намери за пријателска сора...
На 06122025 година во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело, информира СВР Охрид По преземени мерки, на 07122025 година, у...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.