На овогодинешното јубилејно 20-то издание на Охрид Фест, се очекува спектакуларниот музички камбек на легендарната македонска музичка група Македонија, чија слава во седумдесетите години се распосла и до најоддалечените делови од поранешна Југославија.

Магијата на повторното раѓање на женскиот дел од „Група Македонија“ ќе се случи на Интернационалната вечер на Охрид фест, на 24-ти август, а Верица Ристевска, Даниела ПанчетовиЌ и Зорица Попанкова повторно ќе настапат заедно.
Насловот на нивната нова песна е „Песната е ангелот“, а како композитор се јавува Григор Копров, додека текстот е на Миодраг Врчаковски.
OhridNews











