Во рамки на Неделата на млади на Црвениот крст (1–7 октомври), Клубот на млади при Црвен крст Охрид одбележувајќи го својот 29-ти роденден најавува уште еден голем, впечатлив и динамичен настан – ROCK AND MOB!

Доживејте го овој празник на младоста, хуманоста и музиката исполнет со моќни акорди, позитивна енергија и топла атмосфера што ќе ви овозможи да ја почувствувате вистинската сила на заедништвото. На 4 октомври, сабота, на плоштадот „Св. Климент Охридски“, како продолжение на спортско-рекреативната и хуманитарна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, со почеток во 14:00 часот, ве очекува уникатно ROCK AND MOB искуство кое ќе ги обедини сите – млади и стари, локални жители и гости, хуманисти и љубители на музиката. Не пропуштајте го уживањето во звуците на музичките виртуози од добро познатите охридски бендови Urban Planet, Камелеон, No Fun и The Backdoor Band кои со својата неповторлива енергија и автентичен звук ќе создадат вистински рок-момент за паметење, велат.

Овој хуманитарен настан, посочуваат, не е само забава – тој е гест на поддршка, знак на љубов и доказ дека младите можат и умеат да создаваат промени.

Преку музика и дружба, ќе испратиме порака за единство и меѓусебна грижа, порака која ќе одекнува подолго од самиот настан. Затоа, ве очекуваме на овој незаборавен момент, заедно да создадеме спомени кои долго ќе се паметат! Дојдете, бидете дел од ROCK AND MOB!, додаваат од Клубот на млади при Црвен крст Охрид.

OhridNews