Талентираните учениците од Основното музичко училиште „Методи Патчев“, вчера во одлично изадание се претставија на традиционалниот новогодишниот концерт во НУ „Григор Прличев“.

Преку делата на Шуберт, Чајковски, Бах, Менделсон и Шопен, младите ученици од оваа образовна установа, пред присутните ги истакнаа своите музички способности. Според директорката на училиштето, Нина Момироска, оваа новогодишна манифестација се одржува традиционално. „Нашето училиште секоја година организира новогодишен концерт, на кој настапуваат младите талентирани ученици од оваа институција. По пат на аудиција комисијата ги избира најдобрите од секоја класа на професорите.“ – вели Момироска.

Таа потенцира дека граѓаните треба што повеќе да ги посетуваат  манифестациите од културен карактер, со цел давање безрезервна подршка на талентите од градот. „Освен родителите, сакаме  останатите наши сограѓани да доаѓаат во што поголем број, бидејќи овие музички таленти бараат подршка не само од наставниците и родителите, туку и од сите охриѓани.“ – додава Момироска.

При своите настапи, учениците од ОМУ „Методи Патче“ беа придружувани од професорката Ирена Веруш – пијано, под диригентската капа на професорот Љупчо Аслимоски.

O.T.