По повод 8-ми Март-Меѓународниот ден на жената, на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев” вечерва со почеток во 20:00 часот, Општинa Охрид организира музичко- поетска вечер „МЕВЛЕМ” во чии рамки ќе настапат: Марко Виденовиќ – пијано, рецитација; Памела Велкова-виолина; Верица Ајтовска – виола и Енис Аљи- виолончело.

Фотографиите се нови 12 приказни на жени-охриѓанки кои со својата работа се синоним за се она што значи ЖЕНА. Секоја, посебна, инспиративна и секоја на свој начин преставува пример за храброст, пожртвуваност, истрајност, доследност и љубов во работата, семејството. Реализацијата на овие два настани е во соработка со Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените, посочуваат од Општина Охрид.
Исто така, во рамки на празничната програма ќе биде отворена и традиционалната изложба на дела од жени сликарки, организирана од женски центар „Бисера“ и изложбата на фотографии „Фрагменти на таа што создава“ подготвена од Фото клуб Охрид.
OhridNews











