“Не кажувај либе добра ноќ…”, е насловен концертот на уметниците Петар Маркоски и Даниел Јовески, што ќе се одржи во недела, 14-ти февруари, посветен на Македонската традиционална песна по повод големиот празник на виното Св. Трифун а воедно и празникот на вљубените Св.Валентин.
-Сублимирајќи и трансформирајќи ја нивната моќ од минатото во сегашниот модерен начин на брзо темпо на живот многу луѓе ќе ја откријат својата подзадскриена и подзаборавена љубов, на нивната немирна душа и ќе доживеат емоционална средба со прекрасната убавина на нивната незаборавна младост. Ова сценско патување е замислено да биде во главна интерпретација на Петар Маркоски (Вокал) и Даниел Јовески (Пијано) со изведба на свои оргинални аранжмани на композициите кои се оставени од нашите предци и се пренесувале од колено на колено за и ден денес да се негува тоа богатство. – велат организаторите.
Гости на концертот ќе бидат Охридските чалгии, а стихови ќе рецитира Ивица Цонев.
Концертот ќе се одржи во Центарот за култура “Григор Прличев”- Охрид, со почеток од 20:00 часот. Билетите чинат 200 денари и може да се најдат во Топ Маркет Ориент (Кај Чинарот), Топ Тобако (Градски Плоштад) и на билетарата при НУ Центар за култура “Григор Прличев”.
OhridNews