На прес конференција, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откри низа детали околу истрагата за шверц на 700 килограми кокаин, поради што во притвор заврши актерката Силвија Стојановска, Воислав Будисавлевиќ и неговиот брат кој е во притвор во Шпанија. Според МВР, Стојановска му помагала на сопругот во шверцот на кокаин од Колумбија во Шпанија, кој делувал преку неговиот брат, кој бил во Шпанија.
Како што беше кажано на прес конференцијата, членовите на организирана криминална група на лице идентификувано како ’капетан на брод‘ му исплатиле 850.000 евра како дел од сумата договорена за транспорт на кокаинот од Колумбија до Шпанија.
Од МВР велат дека Стојановска е дел од групата која шверцувала кокаин од Колубија во Шпанија, а лидер и организатор бил сопругот Војислав Будисављевиќ.
Македонската актерка, според сознанијата на полицијата на Македонија и на Шпанија кои заедно ја работеле акцијата подолг период, за потребите на нејзиниот сопруг резервирала апартман во Шпанија и го платила со своја картичка, но и зела 10.000 евра од непознато лице.
За шверцот бил ангажиран и неговиот брат, кој е резидентен жител на Белгија, бидејќи Будисављевиќ има забрана за патување во земјите на ЕУ.
Инструкциите и начинот на шверцот бил договаран на директни средби во многу градови вклучувајќи го и Скопје, но и преку интернет-комуникација со висока заштита.
Акцијата ја работеле полициски штабови во Скопје и Мадрид.
За сите е поднесена кривична пријава за недозволена трговија со наркотични средства и сите имаат притвор. Се трага по уште две лица за кои треба да се утврди вмешаноста во шверцот.
На Стојановска ѝ е одреден 30-дневен куќен притвор.