
„Било какво однесување спротивно на законите МВР нема да толерира и веднаш ќе постапи согласно законите. МВР ќе превземе се што е потребно во недела, 30 септември, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата граѓанска волја.“ – соопшти МВР.
Во Министерството е формиран и функционира посебен оперативен штаб, кој има надлежност и овластување да презема мерки и активности со кои ќе биде гарантирано и овозможено уставното право на изјаснување на секој граѓанин, додаваат од МВР.










