МВР има точно предвидени мерки кои би следеле доколку на теренот се јават  инциденти за избори и гласање, соопшти министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Безбедносниот план на министерството, како што рече министерката Јанкуловска, се темели на анализа на искуствата од минатото, но и  на предвидувања кои се направени врз основа на бројот на кандидатите и политичките партии, учесници на изборите.

„Активностите се поделени во неколку фази. Првата се однесува на овој период, перидот  на изборната кампања, втората се однесува на самиот ден на изборите, и третата фаза од планот, е по затворањето на избирачките места, кога МВР има надлежности во однос на обезбедувањето на транспортот на избирачкиот материјал“, додаде Јанкуловска.

А.Р.