Изминатава недела, спроведена е дисциплинска постапка против 11 вработени во Министерството за внатрешни работи. Донесени се решенија против оние полициски службеници, кои прекршиле дел од членот на Колективниот договор на МВР.

На 9-мина вработени изречени им се парични казни, додека на по еден вработен во министерството, изречени им се мерки „писмено предупредување“ и „запирање на постапката“. Полицајците мината недела, покрај „вообичаеното“ спиење на работно место,  дозволиле лице да ја мине државната граница на кое му е изречена забрана за излез од Македонија, учествувале во тепачка, го нарушиле јавниот ред и мир, односно, недолично се однесувале меѓу себе. Во зависност од прекршоците, полициските службеници се казнети со парични глоби од 5 до 15 отсто од месечната плата во наредните неколку месеци.

OhridNews