Изминатава недела, спроведена е дисциплинска постапка против 14 лица вработени во Министерството за внатрешни работи. Донесени се решенија против оние полициски службеници, кои прекршиле дел од членот на Колективниот договор на министерството.

Полицајците покрај „вообичаеното“ спиење на работно место, дозволиле лице да ја мине државната граница кое е евидентирано во системот со мерка „задржи и извести“, недолично се однесувале меѓу себе, а еден полициски службеник одбил да биде алкотестиран.
OhridNews












