
Во зависност од прекршоците, на 12 полициски службеници им се изречени парични глоби, на тројца „запирање на постапката“, на еден „писмено предупредување“, додека на еден вработен мерка – “условно откажување на договорот за вработување“.
Меѓудругото, дел од вработените во МВР се казнети поради спиење на работно место, покажување слаба заинтересираност за работа, биле под дејство на алкохол, односно во канцелариите пушеле цигари спротивно на законот.
OhridNews











