Во текот на изминатата недела спроведена е дисциплинска постапка против 22 вработени во Министерството за внатрешни работи. Решенијата се донесени против оние полициски служебеници, кои прекршиле дел од членот на Колективниот договор.
Во зависност од прекршоците, на 19 полициските службеници им се изречени парични глоби, на еден „запирање на постапката“, додека на двајца „писмено предупредување“.
Дел од нив се казнети поради неквалитетно и ненавремено извршување на поставените задачи, спиење на работно место, постапување спротивно на правилата и прописите на Министерството.
OhridNews